Лого „Множествена интелигентност за социално включване“

Заврши проектот „Multiplе intelligence for social inclusion- MI4SI“, №2024-1-BG01-KA220-YOU-000249568 финансиран во рамките на програмата Еразмус+

30.11.2025

Лого

Проектот „Multiplе intelligence for social inclusion- MI4SI“, №2024-1-BG01-KA220-YOU-000249568 финансиран во рамките на програмата Еразмус+, официјално заврши, со целосно спроведување на сите планирани активности и постигнување на очекуваните резултати.

Во рамките на периодот на имплементација, партнерските организации SNC „Стандард Консалтинг Центар“, Бугарија, Центар за промоција на иновации и развој“, Полска и „Центар за напредни студии“, Северна Македонија, имплементираа конзистентен процес на анализа, адаптација и имплементација на иновативен модел на кариерно советување базиран на теоријата за повеќекратни интелигенции на Хауард Гарднер. Беа спроведени фокус групи и социјален експеримент со млади луѓе од маргинализираните заедници, преку кои беа идентификувани специфични потреби, бариери и развоен потенцијал.

Проектот придонесе за зголемување на капацитетот на организациите учеснички за работа со млади луѓе со помалку можности, како и за валидација на иновативен пристап насочен кон подобра социјална и професионална реализација на целните групи. Во рамките на проектот, беа спроведени меѓународни работилници, обука на експерти, активности за следење и проценка на влијанието, како и широка информативна и комуникациска кампања.

Како краен резултат, беше развиен Концепт со сет мерки за имплементација, следење и евалуација на добри практики и иновативни пристапи за социјална инклузија, презентиран на засегнатите страни за време на меѓународен онлајн вебинар. Постигнатите резултати покажуваат реален потенцијал за одржливост и мултипликација на развиениот модел во други организации и контексти.

Проектот „Multiple Intelligence for Social Inclusion – MI4SI“ завршува со јасно формулирано заклучоци, применливи алатки и подобрена партнерска соработка насочена кон подобрување на еднаквиот пристап до пазарот на трудот и социјалната интеграција на младите луѓе од маргинализираните заедници.

Табела