Здружението на консултантски центри „ Standard Consulting Center “, Бугарија, во партнерство со “Centre for Advanced Researches”, Северна Македонија и “Innovation and Development Promotion Centre”, Полска, организира онлајн вебинар на 18 ноември 2025 година во 09:00 часот (CET). Настанот ќе се одржи во рамките на проектот „Multiple Intelligence for Social Inclusion – MI4SI“, №2024-1-BG01-KA220-YOU-000249568, кофинансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија
Вебинарот е посветен на презентација на Концепт со збир мерки за развој, имплементација, следење и евалуација на добри практики и иновативни пристапи за подобрување на еднаквиот пристап и професионалната реализација на младите од маргинализираните заедници. Главниот акцент е ставен на моделот на повеќекратни интелигенции на Хауард Гарднер, применет како алатка за ефикасно кариерно советување и социјална инклузија.
Цели на вебинарот::
- Дискусија за резултатите од експериментот и имплементацијата на моделот и можностите за мултипликација во други организации.
- Презентација на добри практики и иновативен пристап.
- Споделување на концептот за зголемување на капацитетот на засегнатите страни за кариерен развој преку Гарднеровиот метод на повеќекратни интелигенции.
- Промовирање на социјалната инклузија преку проширување на опсегот на проектот.
Учесници: претставници на партнерски организации од Бугарија, Полска и Северна Македонија, како и експерти, младински работници и засегнати страни од областа на образованието и социјалната инклузија.
Програмата вклучува
- Главни принципи и цели на проектот MI4SI;
- Презентација на концептот и добри практики, иновации и перспективи за одржливост на партнерството;
- Споделување мислења и идеи за мултиплицирање на ефектот;
- Дискусија со засегнатите страни.
Уебинара ще се проведе на английски език, като ще бъде осигурен симултанен превод.
Продължителност: 2 часа
Дата: 18 ноември 2025 г.
Оние кои сакаат да се приклучат на вебинарот можат да не контактираат на наведената е-адреса за да обезбедат пристап: contact@mi4si.com
Проектот „Multiple Intelligence for Social Inclusion – MI4SI“ има за цел да го подобри еднаквиот пристап и реализација на пазарот на трудот на младите луѓе од маргинализираните заедници преку воведување на иновативен модел на кариерно советување базиран на теоријата на повеќекратни интелигенции.



